Connect with us

Трајковски со емотивно писмо по одлуката на Ракитиќ да стави крај на кариерата

Еден од најголемите хрватски фудбалери на сите времиња, Иван Ракитиќ, официјално стави крај на својата фудбалска кариера. Веднаш по таа вест, се огласи и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Трајковски беше соиграч со поранешниот играч на Барселона и Севиља во Хајдук, каде што меѓу нив се создаде блиско пријателство.

„Овој ден не е обичен – тој го означува крајот на едно прекрасно поглавје во твојот живот. Денеска се простуваш од теренот како активен фудбалер, но со себе го носиш она што секогаш те красеше: страста, посветеноста, жртвата – и пред сè, класата, и на теренот и надвор од него.

Чест ми беше што ја споделив оваа година со тебе. Од тебе научив многу, не само на теренот, туку и како човек. Ме прифати како брат и направи да се чувствувам посебно. Ти честитам за сè што постигна во кариерата. Иако повеќе нема да играш, твојот пример ќе остане водилка за сите нас. Ти посакувам многу успех во сè што следува“, напиша Трајковски.

Според информации од хрватските медиуми, Ракитиќ ќе продолжи да биде дел од Хајдук, но овојпат како директор, со цел да му помогне на клубот од друга улога.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови