Connect with us

Нико Ковач: Ова беше стадион за голф, а не за фудбал

Tренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, даде интересна изјава по поразот од Реал Мадрид во четвртфиналниот дуел од Светското клупско првенство.

Борусија беше елиминирана од натпреварувањето по драматичен натпревар и пораз од 2-3.

По завршувањето на средбата, Ковач изјави дека стадионот „МетаЛајф“ повеќе личи на голф терен отколку на фудбалски стадион.

„Ова повеќе личеше на голф терен. Тревата е многу куса. Ова не е тревникот на кој сме навикнати да играме во Бундес-лигата, ниту пак на другите терени во Европа“, изјави Ковач.

„Како што самите видовте, наводнувањето не беше доволно. Немаат системи за такво нешто. Пресув беше теренот“, додаде тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови