
Кристијано Роналдо не беше присутен на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, но неговиот гест по трагедијата ја разнежни целата спортска јавност. Иако не е прецизирана причината за неговото отсуство од церемонијата во Гондомар, Португалија, португалските медиуми открија дека Роналдо приватно стапил во контакт со семејството на Жота и понудил огромна поддршка.
Тој и порачал на сопругата на Жота, Руте Кардозо, дека ќе ги преземе сите трошоци за образованието на нивните три деца – две ќерки на возраст од четири и две години, како и син стар само седум месеци. Со овој гест, Роналдо покажа дека иако физички не бил таму, неговото срце и поддршка биле со семејството. Тој не дошол за да не го одвлече вниманието во спротивна насока со своето присуство.
Според други шпекулации, причината за неговото отсуство може да биде обврска поврзана со договорот со неговиот клуб Ал-Наср, но Роналдо веднаш по трагедијата се огласи на социјалните мрежи, велејќи:
„Нема смисла. До вчера бевме заедно во репрезентација. До вчера заедно славевме дека се ожени. На семејството, сопругата и децата им испраќам искрено сочувство и целата сила на светот. Почивајте во мир, Диого и Андре. Ќе ни недостигате на сите.“
И додека Руте, скршена од болка, го испраќаше својот сопруг во вечноста, доби потврда дека не е сама – целата фудбалска заедница е со неа. Со поддршка како таа од Кристијано Роналдо, таа и нејзините деца барем ќе имаат стабилна иднина, иако празнината што ја остави Жота никогаш нема да се пополни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички

Втора лига
Коста Манев, големо засилување за Беласица
