Голем број блиски пријатели, соиграчи, навивачи и членови на семејството се собраа во во португалскиот град Гондомар, за да му оддадат последна почит на трагично загинатиот Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.
Сопругата на Жота, Руте Кардозо, беше облечена во бело, иста боја на фустанот кој го носеше на денот на нивната свадба, пред само две недели – на 22 јуни. Со солзи во очите и скршена од болка, Руте едвај ги поднесуваше најтешките мигови од погребот, држејќи се покрај ковчегот со телото на својот сопруг.
Diogo Jota’s wife crying on his coffin 💔 as they take it pic.twitter.com/QFJmWwMSoP
— MCIJ10 (@HJ730149122) July 5, 2025
Сцените беа потресни и полни со емоции. Блиските роднини и пријатели, заедно со децата на Жота, кои не присуствуваа на самата служба, останаа во мислите и молитвите на сите присутни. Португалскиот бискуп од Порто, Мануел Линда, во својот говор им се обрати токму на најмладите:
„Нема зборови кои можат да ја опишат болката, но постојат чувства. Ние страдаме заедно со вас. Особено се молиме за децата на Диого, за нивната мајка и баба и дедо.“
Меѓу присутните беа и голем број фудбалери – репрезентативци и поранешни соиграчи на Жота: Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Рубен Дијаш и Бернардо Силва (Манчестер Сити), Жоао Феликс и Ренато Веига (Челси), Нелсон Семедо (Вулвс), Жоао Мутињо, Руи Патрисио, Рубен Невеш, како и поранешниот играч на Ливерпул – Фабињо.
Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон носеа венци со броевите „20“ и „30“, во чест на Диого Жота и неговиот брат Андре. Присутни беа и претседателот на Порто, Андре Виљаш-Боаш, како и селекторот на португалската репрезентација, Роберто Мартинез.
Од Ливерпул, менаџерот Арне Слот изјави дека целиот клуб е во шок.
„Чувството на тага е огромно. Диого беше сакан од сите нас. Ќе ни недостига засекогаш.“
Клубот одложи и дел од претсезонските подготовки, во знак на почит кон својот играч, чија смрт засекогаш ќе остави празнина во црвено-белото семејство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













