Connect with us

Дрес-венец од црвени рози со бројот „20“ за Диого Жота

Фудбалерите на Ливерпул, предводени од капитенот Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон, пристигнаа во катедралата во Гондомар, носејќи дресови-венци изработени од црвени рози со броевите „20“ (Диого Жота) и „30“ (Андре Силва), на простувањето со своите пријатели, кои трагично загинаа во сообраќајна несреќа во областа Замора, во Шпанија.

Светот е во тага откако дозна за трагичниот настан, а тишината во катедралата во Гондомар беше нарушена со огромен аплауз, во чест на Диого Жота и неговиот брат.

Огромен број луѓе присуствуваат на испраќањето на славниот португалски фудбалер во вечноста, поранешни и сегашни соиграчи, претставници на Португалската федерација, најголемите португалски и англиски клубови, роднини и пријатели на семејството…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови