
Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, има јасна визија за засилување на средниот ред и како што пренесува „Дефенса Централ“, неговата најголема желба е ангажманот на Витиња, играчот за врска на ПСЖ.
Модриќ по завршувањето на Светското клупско првенство ќе го напушти клубот, ставајќи крај на блескавото 12-годишно поглавје на „Сантијаго Бернабеу“. Со 29 освоени трофеи, тој ќе замине како најтрофејниот играч во историјата на клубот. Се очекува да ја продолжи кариерата во Милан, неколку месеци пред својот 40. роденден.
Чаби Алонсо иднината ја гледа во португалскиот репрезентативец Витиња (25), кој настапува за ПСЖ и има договор до 2029 година. Сепак, реализацијата на трансферот ќе биде исклучително сложена. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, не е склон кон преговори со ПСЖ поради претходни затегнати односи – особено по сагата со Килијан Мбапе.
И покрај пречките, интересот на Алонсо е сериозен – Витиња се смета за идеален профил за реконструкција на средниот ред на „кралскиот клуб“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ
