Диого Жота, кој загина заедно со својот брат во тешка сообраќајна несреќа во раните утрински часови во четвртокот во Замора, Шпанија, бил на пат назад кон Англија. Според информациите од португалските медиуми, 28-годишниот португалски репрезентативец присуствувал на свадба на свој пријател за време на викендот, а вчера ручал со својата сопруга и трите нивни деца во Леса да Палмеира.
Напаѓачот бил на пат кон Ливерпул и прво се упатил со автомобил кон Сантандер (Шпанија), од каде што требало да се качи на ферибот кон Плимут, кој се наоѓа во јужниот дел на Англија, а потоа да продолжи до Ливерпул. Клубот ги започнува подготовките за новата сезона на 8 јули.
Само пред две недели, на 22 јуни, Диого се ожени со својата долгогодишна партнерка Руте. Семејството има три деца.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













