Connect with us

Фенербахче понуди 15 милиони евра на ПСЖ за да го откупи Марко Асенсио

Турскиот гигант Фенербахче го договори доведувањето на напаѓачот на Ал-Наср, Џон Дуран, и веќе работи на следната трансферна цел. Фенер сега испрати понуда вредна 15 милиони евра до ПСЖ за Марко Асенсио, пренесува „Л’Екип“.

Шампионот на Европа е подготвен да се раздели со 29-годишниот Шпанец, кој не се наоѓа во плановите на Луис Енрике. Тој има договор со клубот за уште една сезона. Сепак, засега самиот фудбалер сè уште не дал одговор дали сака да се пресели во Турција.

Асенсио играше како позајмен играч во Астон Вила во втората половина од минатата сезона, но клубот од Бирмингем не го откупи.

Марко Асенсио е дете на Мајорка, кој потоа играше за Реал Мадрид, а во ПСЖ прејде како слободен агент од „кралскиот клуб“ во летото 2023 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови