Connect with us

Фантастичен гол на Рис Џејмс од слободен удар, но временските услови не дозволија да се доигра мечот во Шарлот (ВИДЕО)

Возбудливиот дуел меѓу Челси и Бенфика во осминафиналето на Светското клупско првенство е привремено прекинат поради екстремни временски услови во Шарлот. Натпреварот беше запрен во 85. минута, при резултат 1-0 во корист на англискиот тим, а засега не е јасно кога мечот ќе биде довршен.

Челси доминираше во најголемиот дел од средбата, а заслуженото водство го донесе капитенот Рис Џејмс со фантастично изведен слободен удар во 64. минута. Со прецизен и силен удар откосо од левата страна, го совлада изненадениот голман на Бенфика и ја испрати топката во мрежата.

Иако „сините“ беа блиску до обезбедување на четвртфинале, природата го имаше последниот збор. Фудбалската јавност со нетрпение ја чека разврската.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови