
Македонскиот прволигаш Работнички загуби со 0-2 од косовскиот тим Балкани на денешниот пријателски натпревар одигран на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. „Романтичарите“ се подготвуваат за настапот во квалификациите за Конференциската лига, но очигледно дека имаат уште многу работи за подобрување, пред сѐ во одбраната.
Балкани се претстави поквалитетно и успеа да постигне два гола уште во првото полувреме. Во осмата минута Толај ја погоди мрежата на Васко Василев, откако најдобро се снајде пред голот на Работнички по еден слободен удар.
Во 23.минута, поранешниот играч на Шкупи, Алберт Диене постигна втор погодок за Балкани.
До крајот на мечот и двете екипи имаа свои шанси, но реализацијата не беше на потребното ниво.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
