Connect with us

Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Македонскиот репрезенативец Езгјан Алиоски се врати во Швајцарија и потпиша договор со швајцарскиот прволигаш Лугано. Фудбалерот кој има 85 настапи и 13 голови за националниот тим потпиша двегодишен договор со важност до 30 јуни 2027 година, со опција за продолжување на соработката и по истекот на договорот.

За 33-годишниот лев бек ова претставува посакувано враќање во Лугано, каде што веќе настапуваше во сезоните 2015/16 (18 настапи, 3 гола) и 2016/17 – сезона во која се етаблираше во швајцарската Супер лига со 36 натпревари, 16 голови и 14 асистенции. Токму тие бројки му го обезбедија трансферот во Лидс јунајтед.

По завршувањето на авантурата во Саудиска Арабија со Ал-Ахли, Алиоски неодамна се истакна и во дресот на македонската репрезентација, повторно покажувајќи лидерски квалитети и голгетерски способности. Како што веќе е познато, неговата кариера е збогатена со настапи во најсилните европски лиги, вклучувајќи ја Премиер лигата со Лидс јунајтед и турската Суперлига со Фенербахче.

„Ни претставува големо задоволство што повторно го доведовме Езгјан, играч кој со своето искуство и карактер совршено ги претставува вредностите и духот на нашиот тим. Неговите технички квалитети и харизмата го прават вистински лидер, како што покажа и со своето клучно учество во освојувањето на азиската Лига на шампиони со Ал-Ахли. По незаборавните моменти од неговиот прв престој во Лугано, горди сме што започнуваме ново поглавје заедно“, изјави Себастијан Пелцер, спортскиот директор на Лугано.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови