
Македонскиот фудбалски првак Шкендија го дозна и можниот противник за второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Доколку тетовци успеат да го елиминираат ТНС од Велс, во следната рунда ќе се соочат со победникот од двомечот меѓу ФЦСБ и Интер Есалдес (Андора).

Најверојатно, тоа ќе биде романскиот шампион ФЦСБ, клуб кој е правен наследник на славната Стеауа Букурешт, европски првак од 1986 година. Иако клубот формално го смени името, ФЦСБ се смета за директен продолжувач на фудбалската традиција на поранешната Стеауа.
Според ждрепката, Шкендија би била домаќин на првиот натпревар, а реваншот би се одиграл на гости. Термините за одигрување на овие натпревари се 22/23 јули (прв меч) и 29/30 јули (втор меч).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
