Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, ја продолжи соработката со камерунскиот играч за врска Данел Јордан Донгмо, кој потпиша нов едногодишен договор, со опција за продолжување на уште една сезона.
Со ова продолжение, Вардар продолжува со комплетирање на тимот за настапите во Европа, каде што ги очекуваат натпревари против Ла Фиорита од Сан Марино во првото коло од Конференциската лига.
„Црвено-црните“ добија ривал со кој се на дофат за пласман во втората рунда, а потенцијалниот противник во следното коло ќе го дознаат денеска во 14 часот, кога ќе се одржи ждрепката.
Подготовките за европските предизвици започнаа успешно – Вардар на првиот контролен натпревар во Словенија убедливо го совлада Будуќност од Подгорица со 300, што е охрабрувачки старт на претсезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













