Поранешниот македонски репрезентативец Томче Гроздановски е пред трансфер во култниот босански клуб Вележ. Како што откриваат босанските медиуми, раководството на Вележ сака да го реновира средниот ред, а во плановите на клубот е и ангажманот на Гроздановски, со кого веќе се во преговори.
Гроздановски вториот дел од сезоната во Македонија го мина во дресот на Силекс каде одигра 19 натпревари и забележа една асистенција. Сепак, негова главна задача се дефанзивните активности во средниот ред.
Пред Силекс настапуваше за Работнички, а има интернационално искуство од Словачка и од Хрватска.
Покрај Вележ, за Томче Гроздановски се заинтересирани и неколку клуба од елитата на Словачка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













