
Ндерим Неџипи повторно се враќа на познат терен – го презеде ангажманот како спортски директор на косовскиот клуб Балкани, каде што веќе имаше претходно искуство и остави добар впечаток.
По заминувањето од Шкупи, каде што работеше од 2024 година, Неџипи реши да ја продолжи својата кариера во средина која му е веќе позната. Во скопскиот клуб помина турбулентен период – со промени на сопствеништвото и серија натпревари без победа, што на крајот доведе до негово повлекување.
Неџипи е добро познато име на фудбалската сцена. Својата играчка кариера ја започна токму во Чаир, во младинската школа на Слога Југомагнат (денешен Шкупи), а подоцна настапуваше за бројни клубови во Европа и регионот, вклучувајќи ги Херта, Волфсбург, Вардар, Работнички, Лирс, Карабах, Шкендија, Васлуи, Партизани и други.
По завршувањето на играчката кариера, успешно ја продолжи својата фудбалска мисија како спортски директор, со ангажмани во неколку клубови низ Македонија, Албанија и Косово. Сега, повторното враќање во Балкани претставува нов предизвик и можност да се надгради она што веќе го започнал во клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
