
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (13.30 часот) на комплексот „Петар Милошевски“ во ФФМ го игра последниот натпревар од тековниот циклус квалификации за ЕП. Надежите сакаат да го заокружат со триумф над Црна Гора и да го освојат второто место во групата кое сепак нема да носи и бараж за пласман на Европското првенство. Нашиот национален тим ќе биде меѓу најслаборанираните кои би ја освоиле втората позиција на табелата.
Сепак, целта на избраниците на Благоја Милевски е да се оствари триумф и во победнички стил да се завршат квалификациите.
„Македонија на секој натпревар оди на победа. Така ќе биде и овојпат. Впечатокот е дека направивме квалитетна селекција, играме квалитетен циклус и се надевам дека на таков начин и ќе го завршиме циклусот. Голем дел од фудбалерите веќе потврдија дека имаат потенцијал за А-репрезентацијата, а тоа значи дека добро сме ја завршиле работата. Треба да ја заокруѓиме работата со победа над Црна Гора“, вели селекторот Благоја Милевски.
Црногорците во пресрет на последниот меч се наоѓаат на претпоследната позиција на табелата со седум бода, додека Македонија има 15 освоени бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
