
Финале. Еден натпревар, одлична шанса да се заокружи сезоната со пехар. Вардар го чека куп-трофејот цели 18 години и шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски и капитенот Горан Закариќ веруваат дека ќе го освојат.
“Мојата екипа е подготвена да го даде максимумот. Имаме сериозен ривал кој минатата сезона беше шампион. Вардар долго време го очекува ова финале, наша цел е да го освоиме купот. Ако играме како во изминативе пет месеци очекувам трофејот да дојде во нашите витрини”, изјави Гоце Седлоски.

Капитенот Горан Закариќ очекува голема поддршка од фановите и се надева дека на крајот тој и соиграчите ќе се радуваат.
“Поминаа 18 години од последниот освоен куп-трофеј на Вардар. Мислам дека е дојдено време да го освоиме купот иако знаеме дека воопшто нема да боде лесно, бидејќи против себе ќе имаме квалитетен ривал. Сепак, верувам дека со поддршка од нашите навивачи, на крајот ќе се радуваме”, изјави Закариќ.
Финалето ќе се игра со новата топка на “Пума”, која ќе биде официјална топка и за следната сезона во Првата фудбалска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!

Евро-фудбал
Клоп на клупата на Рома – е лажна вест!
