Силекс оваа сезона потсети на некогашните шампионски денови. За чекор остана зад Шкендија, но одигра одличен шампионат, а имаше среќа во своите редови да го има Марко Ѓорѓиевски.
Убиствен голгетерски инстинкт, моќ, брзина, динамичност…Ова момче има сѐ што треба да поседува еден врвен голгетер. И што е најважно, умее да постигнува голови. Го примети тоа и Шкендија во последното коло, кога Марко со два гола го подрасипа славјето во Тетово.
Даде два гола, победи, и се одјави. Ја надмина оваа Прва лига и време е да замине во странство.
МАКФУДБАЛ го избра Марко Ѓорѓиевски за најдобар фудбалер на 33.коло во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













