Турскиот интернационалец Алпер Потук, кој беше капитен на ФК Гостивар, нема да ја отслужи двегодишната суспензија изречена од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Потук преку социјалните мрежи објави дека Арбитражната комисија на ФФМ ја уважила неговата жалба и ја поништила казната која следеше по неговото напуштање на теренот во натпреварот против Работнички.
„Правдата победи. Благодарен сум што беа разгледани сите околности и што мојата кариера ќе може да продолжи“, напиша Потук на Инстаграм.
Сепак, и покрај укинувањето на индивидуалната санкција, клубот Гостивар останува под најтешката казна – исклучување од Првата македонска фудбалска лига и автоматска преселба во најнизок натпреварувачки ранг, како последица од инцидентите на истиот меч.
Потук, кој има богата фудбалска кариера зад себе со настапи за турските гиганти Фенербахче и Анкарагучу, сега е слободен да ја продолжи кариерата во друг клуб, без рестрикции од македонската федерација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













