
Последното коло од Втората фудбалска лига е закажано за в недела, со почеток од 17 часот, но многу побрзо ќе треба да биде донесена одлука за казните што, евентуално, ќе треба да ги добијат Кожуф и Башкими за „реализацијата“ на сомнителниот меч што го одиграа во Гевгелија. Башкими даде гол во 94.минута, длабоко од судиското продолжение за победа од 1-2.
Одбраната на домаќините делуваше „театарски“, а голманот буквално не реагираше, иако претходно, мора да се напомене, дека имаше одлични одбрани во текот на мечот.
Јасно е дека овој меч е крајно сомнителен, токму затоа е поведена и истрага од ФФМ, а Одделот за безбедност и интегритет покрена постапка пред Дисциплинската комисија поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот одигран на 6 мај 2025 година.
Седуммина од ФК Кожуф се веќе осомничени, против нив е поведена постапка од ФФМ, но исто така и полициска истрага.
Главното прашање сепак е…Кожуф не реши „за бадијала“ да прими гол во 94.минута, кога фудбалерите од одбраната и голманот буквално застанаа додека топката се тркалаше кон голот.
Треба да се најдат вистинските одговори… Кој се реши да даде „понуда што не се одбива“, и за колку илјади евра се работи….Според неофицијалните информации, 12.000 евра чинела „наредбата“ фудбалерите и голманот на Кожуф да застанат пред крајот на мечот.
Полициските органи ќе треба да го дадат одговорот, каде и како се понудени, но и преземени парите. Од друга страна, Дисциплинската комисија на ФФМ ќе мора многу брзо да објави и какви ќе бидат сакнциите, бодовни, но можеби и исфрлање во понизок ранг, доживотни или неколкугодишни суспензии за дел од актерите, но и наредбодавателите…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
