Поранешниот македонски шампион Работнички, кој е еден од најуспешните наши клубови на меѓународна сцена низ историјата, по шест години повторно успеа да обезбеди пласман во Европа. „Романтичарите“ по денешното реми меѓу Вардар и Струга ТЛ (0-0) се недостижни на третото место на табелата во однос на конкурентите, а со тоа изборија пласман во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Оваа сезона е апсолутно успешна за Горан Станиќ и неговите фудбалери кои успеаја да ја остварат целта и по шест години да го одведат повторно Работнички во Европа.
Последен пат тоа се случи во сезоната 2018/19, кога „романтичарите“ учествуваа во квалификациите за Лигата на Европа.
До крајот на шампионатот за Работнички остануваат уште три натпревари. Утре гостуваат во Тетово против Шкендија, в недела на домашен терен го пречекуваат Вардар, а во последното коло одат на гости во Струмица и ќе играат против Брера.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













