Вардар и Струга Трим Лум одиграа реми без голови во првиот меч од 31.коло во Првата фудбалска лига. Матија Мирков, кој на овој натпревар седеше на клупата на Вардар поради суспензијата што ја има Гоце Седлоски, изведе на терен комбиниран тим, а во текот на мечот уфрли и дел од првотимците.
Илчо Ѓорѓиоски играше со релативно најдобриот тим на Струга ТЛ, но успеа само да остане непоразен.
По ова, Вардар ја продолжи серијата без пораз на 15 натпревари, а двата тима секако многу посериозно се подготвуваат за финалето на Купот, пресметка преку која можат да излезат и во Европа следната сезона. Можеби за тој дуел ги чуваа(т) и головите.
После ремито меѓу Вардар и Струга ТЛ, дефинитивно Работнички обезбеди излез во Европа и ќе настапи во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













