
Вардар е во одлична серија, 14 меча не знае за пораз, а викендов успеа да го покори и Чаир. По цели шест години вардарци слават на гости против Шкупи, а за тоа голема заслуга имаат крилниот напаѓач Роџерс Мато.
Брзината е негов голем адут, а и егзекуцијата му е сѐ подобра. Во вистински момент побегна по десната страна, упати прецизен удар и донесе водство за Вардар. По ова, беше многу полесно за „црвено-црните“ да развијат свој стил на игра на Чаир.
МАКФУДБАЛ го избра Роџерс Мато за најдобар фудбалер на 30.коло во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski