Вчера заврши 30.коло, а веќе утре стартува 31. коло од Првата македонска фудбалска лига. До крајот на сезоната ќе се играат по само четири натпревари, поради откажувањето од натпреварувањето на екипите на Воска Спорт и Гостивар.
Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска информираа дека Вардар и Струга Трим Лум својот натпревар од 31. коло ќе го одиграат утре од 17 часот во спортскиот комплекс „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот во Скопје.
Останатите натпревари од ова коло ќе се одиграат в среда (7 мај). Брера на домашен терен ќе го пречека Шкупи, Шкендија ќе се соочи со Работнички, а Тиквеш ќе игра против Беса. Сите натпревари ќе започнат во 17 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













