
Три натпревари се сигурни, а преостанатите два најверојатно нема а се одиграат, затоа што Воска Спорт и Гостивар најавија повлекување од Првата фудбалска лига. Ова 30.коло од елитата започна вчера со триумфот над Вардар (0-2) против Шкупи на Чаир, со што „црвено-црните“ ја продолжи својата неверојатна серија од 14 натпревари без пораз.
Во денешните натпревари, најинтересен ќе биде дуелот меѓу Работнички и Силекс на Националната арена во Скопје. Работнички, кој се наоѓа на третото место на табелата, ќе се соочи со второпласираниот Силекс. Ако Работнички успее да слави победа, а Струга ТЛ не ја победи Шкендија на свој терен, тогаш клубот од Дебар Маало официјално ќе обезбеди учество во Европа по пауза од осум години.

Силекс, пак, ќе има големи амбиции во овој натпревар бидејќи сѐ уште се бори за титулата и е само четири бода зад лидерот Шкендија. За тетовци, победата на гостински терен против Струга ТЛ е од огромна важност за да го задржат чекорот на врвот во трката за титулата.
Интересен е и натпревар меѓу Беса и Брера, кој може да реши кој од овие тимови ќе игра во баражот за опстанок. Беса и Брера се во директна борба за опстанок во лигата, додека Воска и Гостивар веќе се повлекоа и следната сезона ќе играат во најнизок ранг.
Тиквеш и Пелистер ќе добијат службени победи како гости кај Воска и Гостивар, бидејќи овие клубови се повлекоа под натпреварувањето.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 30. КОЛО (денеска, 16 часот)
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
БЕСА – БРЕРА
ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР (?)
ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ (?)
ВЧЕРА: ШКУПИ – ВАРДАР 0-2
ТАБЕЛА: Шкендија 63, Силекс 59, Работнички 55, Струга ТЛ 47, Гостивар 39 (-9), Вардар 38, Шкупи 34, Пелистер 32, Брера 27, Тиквеш 26, Беса 24, Воска 13 (-9).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Алиоски со Ал-Ахли ја освои азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)
