
Натпреварот не се доигра. Домаќините си ја земаа топката и си отидоа дома. Кога водеа, се радуваа, кога примија два гола, се налутија – и си заминаа. Но, тоа не ја намалува победата остварена на терен (до 85.минута) на Работнички и на Горан Станиќ на дуелот со Гостивар.
Во директниот дуел за излез во Европа, меч кој имаше тежина на шест бода, Станиќ и кога неговиот тим има негатива, ги бодреше фудбалерите велејќи им дека имаат време и сили, и дека „ќе ја свртат“.
Токму тоа и се случи. Работнички во финишот постигна два гола преку Матеј Ангелов и Кристоџеј Далеј и стигна до 1-2, по што Гостивар замина од теренот.
МАКФУДБАЛ го избра Горан Станиќ за најдобар тренер во 29.коло од Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Реал тргнува по потписот на Салиба

Евро-фудбал
Арсенал го купува Нкунку од Челси?

Втора лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ВТОРАТА ЛИГА
