
Натпреварувачка комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го регистрираше натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ службен резултат, 0-3;
ФК Воска Спорт АД е предадена на Дисциплинска комисија поради напуштање на теренот на натпреварот ФК ВОСКА АД- ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ;
ФК Воска Спорт АД е предадена на дисциплинска комисија поради слаба организација (навредливо, некоректно и недолично скандирање на домашнита публика ) на натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ;
Арбри Клодиан – тренер на ФК Воска Спорт АД и Агон Хани – капитен на ФК Воска Спорт АД се предаваат на Дисциплинска комисија поради повикување на фудбалерите на ФК Воска Спорт АД да го напуштат теренот на натреварот ФК ВОСКА АД- ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ;
ФК Струга Трим Лум се предава на Дисциплинска комисија поради слаба организација на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ;
Дадет Амос Губам – фудбалер на ФК Воска Спорт АД исклучен на натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ.
Лука Робикадзе – фудбалер на ФК Работнички АД исклучен на натпреварот ФК Работнички АД – ФК Пелистер АД од 28. Коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од (1) еден натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ.
Дардан Мифтари – тренер на голмани на ФК Струга Трим Лум исклучен на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;
Небојша Василевски – физиотерапевт на ФК Гостивар АД исклучен на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;
Карчески Даниел – фудбалер на ФК Пелистер АД исклучен на натпреварот ФК Работнички АД – ФК Пелистер АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;
Диата Асане – фудбалер на ФК Гостивар АД исклучен од натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;
Аосман Аиас – фудбалер на ФК Гостивар АД исклучен од натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Тимот на Лука Станковски ја декласира Црвена Звезда
