Во Струмица и во Струга денеска (16 часот) ќе се одиграат реванш натпреварите од полуфиналето во Купот на Македонија, во кои со предност влегуваат екипите на Вардар и на Струга ТЛ.
Вардарци речиси целосно ја завршија работата уште во првиот натпревар против Брера, кога на домашен терен славеа убедлива победа од 3-0. На струмичкиот клуб сега му е потребно вистинско фудбалско чудо за да го елиминира Вардар и да се избори за место во финалето, а реално за тоа нема фудбалски капацитет.
Многу повеќе неизвесност се очекува во дуелот меѓу Струга ТЛ и Шкендија. Стружани на првиот меч на гости во Тетово победија со 1-2, иако Шкендија поведе преку Рамадани. Сепак, Струга направи пресврт во второто полувреме со головите на Укпа и на Радески, па сега ќе има минимална, но значајна предност пред домашната публика.
Но, далеку од тоа дека Шкендија лесно ќе се предаде, па се очекува жестока пресметка на дуелот во Струга.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













