
Нов скандал во Првата фудбалска лига. На натпревар од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига, се случил сериозен инцидент кој би можел да има далекусежни последици.
Македонски прволигашки клуб му понудил поткуп на судија со цел да влијае на исходот на натпреварот. Судијата ја одбил понудата и веднаш го пријавил случајот кај надлежните органи во ФФМ, како и до Комитетот за безбедност и интегритет.
За натпреварот, кој како и сите други од 28. коло, се одигра во саботата, веќе е отворена официјална истрага против клубот по пријавата на судијата, и како што стојат работите, многу е веројатно дека ќе следат драконски казни. Доколку целиот скандал има таква разврска, можно е дури и исфрлање на клубот од Првата лига.
Претходно, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, јавно ги охрабри судиите да реагираат на ваков начин, доколку добијат „непристојна понуда“ или имаат било каков вид на притисоци или закани во пресрет на мечевите од Првата лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
