
Натпреварот од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Воска Спорт заврши со скандал, откако гостинскиот тим реши да го напушти теренот во второто полувреме поради незадоволство од арбитражата.
При резултат 1-1, Воска Спорт ja напушти играта, по што натпреварот беше прекинат. Според правилата, истиот ќе биде регистриран со службен резултат 0-3 во корист на Вардар.
Клубот од Охрид по мечот објави видеоматеријал со контроверзни ситуации и соопштение во кое тврди дека бил сериозно оштетен. Тие посочуваат неколку спорни моменти, меѓу кои: поништен гол за Воска поради наводна игра со рака, недосудена игра со рака на противнички играч, недосуден пенал за нивниот тим, гол на Вардар кој, според нив, топката не ја мина гол-линијата.
Клубот изрази незадоволство од, како што наведуваат, „двојни стандарди“ и најави дека во следните денови ќе донесе одлука дали ќе продолжи да се натпреварува во Првата лига.
„Двојни стандарди на мечот против Вардар.
Дуелот против Вардар беше проследен со серија на контроверзни одлуки од страна на главниот судија Стојанче Стојанов и неговите асистенти Александар Ѓорѓиески и Мартин Петковски кои го оштетија нашиот тим во 28. коло од Првата лига.
Овие се само некои од моментите кои ги отсликуваат двојните стандарди на мечот:
- Регуларен гол за нашиот тим кој е поништен. Сликата е јасна, нашиот играч не игра со рака, ама судијата го поништи голот.
- Идентична ситуација се случи една минута подоцна на спротивната страна. Играч на Вардар ја сопира топката со рака, но судијата дозволи играта да продолжи како ништо да не било.
- Недосуден пенал – нашиот играч беше фаулиран во шеснаесетникот, но немаше реакција.
- „Гол“ кој не беше гол. Топката не ја мина гол-линијата, но судијата реши да му направи услуга на противникот.
Овие моменти се само дел од неправдите кои ги почувствувавме за време на мечот, ама не беше така само и на овој дуел, туку и на други мечеви оваа сезона. Едностраните одлуки не се обични грешки, туку прават штета на првенството.
Во оваа ситуација, ние како клуб размислуваме дали да продолжиме да играме во лигата, а ќе информираме за тоа во следните денови.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
