
Предвелигденско коло во Првата лига. Се „раситнуваат“ натпреварите до крајот на шампионатот, денеска е на програмата 28.коло, а сѐ поголема е возбудата околу трката за шампионската титула, но и излезот во Европа. Секако, ништо помалку интересно не е и во битката за опстанок.
Силекс гостува на Чаир и можеби го има клучниот меч во трката за титулата. Доколку успее да го победи Шкупи, ќе ги задржи и шансите да се бори и понатаму со Шкендија за првото место.

Тетовци исто така имаат непријатно гостување кај Беса која се бори за гол прволигашки живот. Тимот на Горазд Михаилов нема друг избор освен да се впушти во сите сили во борба за бодовите и секако не смее да загуби. А, јасно е дека квалитетот е на страната на лидерот Шкендија.
Воска Спорт исто така се бори за опстанок, а во Охрид гостува Вардар, кој пред три дена играше против Црвена Звезда пред 25.000 гледачи, а сега ќе има еден сосема друг предизвик. И не смее исто така да си дозволи да загуби. Пред сѐ за да ја одржи серијата од десет натпревари без пораз, но и затоа што еден таков пораз повторно ќе го втурне долу, со екипите кои грчевито се борат за опстанокот.
Работнички по поразот од Струга ТЛ сака да се врати на победнички патеки, затоа што веќе нема право на „кикс“, во трката за излез во Европа. На Националната арена „Тодор Проески“ гостува Пелистер, кој исто така е во лоша форма во последниот период.

Струга ТЛ зеде залет и денеска крај езерото го пречекува Гостивар. Ова е исто така многу интересен дуел од кој ќе зависат амбициите за излез во Европа на двете екипи.
Во Кавадарци, Тиквеш ќе биде домаќин на Брера. Струмичани значително ги оживеаја шансите за опстанок со триумфот против Пелистер во Битола, но денеска имаат нов предизвик, да го „преживеат“ и новото гостување. Нема да им биде воопшто лесно, затоа што и на Тиквеш трите бода му се од пресудно значење во битката за опстанок.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 28.КОЛО (денеска, 16 часот)
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
ВОСКА СПОРТ – ВАРДАР
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР
БЕСА – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – СИЛЕКС
ТИКВЕШ – БРЕРА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
