
Најтрофејниот македонски клуб Варсар и српскиот и поранешен европски шампион Црвена Звезда одиграа хуманитарен натпревар на Националната арена “Тодор Проески”, а на трибините имаше повеќе од 25.000 гледачи.

Победи хуманоста, сите средства ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во огромната трагедија во Кочани.

На теренот, триумф од 1-3 за Црвена Звезда со головите на Лука Илиќ во 41.минута и на Александар Катаи во 45.минута. Вардар поведе со голот на Михаил Маневски, а во финишот погоди и Урош Сремчевиќ.

Комитите создадоа одлична атмосфера, беше оддадена посебна почит за Кочани со кореографија.
На полувремето, крај теренот продефилираа легендите на двата клуба, предводени од Кочо Димитровски, Ванчо Балевски, Вујадин Станојковиќ, Ѓоре Јовановски, Бобан Бабунски, Зоран Бошковски, Стојмир Урошевиќ за Вардар, и Бошко Ѓуровски, Владимир Петровиќ Пижон, Илија Најдоски, и други, за Црвена Звезда.
По ова, легендарниот Бошко Ѓуровски ја испеа “Бисер Балкански” и порача Македонија да ни остане вечна.
Од професионално судење на овој хуманитарен натпревар се прости Јосип Бартон, кој судеше дваесетина минути, а потоа задачата му ја довери на Игор Стојчевски.

Убав фудбалски хепенинг на Националната Арена Тодор Проески во Скопје од хуманитарен карактер, со надеж дека во иднина сепак на нашиот најголем стадион ќе се собере толку многу публика за поубави работи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski