
Хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје добива и дополнителна симболика, откако српскиот шампион со себе донесе дел од својата славна историја како поддршка за настраданите во трагедијата во Кочани.
Во Скопје пристигнаа „Златната копачка“ на Дарко Панчев од 1991 година – награда за најдобар стрелец во Европа, признание што засекогаш ќе остане гордост за македонскиот фудбал.
Трофејот од Лигата на шампионите (Куп на шампиони) што Црвена Звезда го освои во истата година, како врв на златната генерација.
Овие експонати се дел од иницијативата да се покаже солидарност, хуманост и заедништво меѓу двата клуба и народите, во моменти кога најмногу треба. Тие се сместени во фан-зоната на Црвена Звезда што е сместена пред Источната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.
Натпреварот започнува во 20 часот и ќе се игра пред полни трибини. Целиот приход од билетите ќе оди во фондот за помош на семејствата на загинатите и повредените во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија 61 лице, а 194 беа повредени.
Оваа пријателска средба нема само спортска туку и длабока хуманитарна вредност, и уште еднаш ја покажува силата на фудбалот да обединува и помага.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
