Connect with us

Флорентино Перез има и план Б за клупата на Реал – Жозе Мурињо!

Раководството на Реал Мадрид покажува интерес за Жозе Мурињо. Сегашниот тренер на Фенербахче се најде на списокот на кандидати на Флорентино Перез за да го наследи Карло Анчелоти на клупата, пренесува „El Gol Digital“.

Според шпанскиот медиум, претседателот на „кралскиот клуб“ веќе стапил во контакт со Португалецот, кој и понатаму важи за еден од милениците на навивачите на Реал.

Специјалниот веќе еднаш го водеше клубот во периодот од 2010 до 2013 година, а сега повторно се споменува како можен наследник на Карло Анчелоти летово.

Сепак, Мурињо не е прв избор за клупата на Реал. Клубот најпрво ќе се обиде да го ангажира Чаби Алонсо, а Мурињо ќе стане опција само доколку трансферот на Алонсо од Баер Леверкузен пропадне. Алонсо има договор со германскиот клуб до летото 2026 година.

Иако Реал Мадрид сè уште се натпреварува на сите фронтови оваа сезона, перформансите на тимот не се на највисоко ниво. Сè повеќе се говори за промена на тренерот, а Флорентино Перез веќе подготвува План Б – Жозе Мурињо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови