
Севилја официјално објави дека се разделува со тренерот Гарсија Пимиента. Тренерската смена доаѓа седум кола пред крајот на Ла Лига и по четири последовни порази на андалузискиот клуб во првенството. Тимот е само на седум бода од зоната за испаѓање, и освен ако не се случи чудо, ќе ги пропушти европските натпреварувања и оваа сезона.
ℹ️ García Pimienta deja de ser entrenador del Sevilla FC.
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) April 13, 2025
Гарсија Пимиента, кој претходно го водеше Лас Палмас, беше назначен за тренер на Севилја летото минатата година и на клупата мина 34 натпревари, од кои победи во 11, одигра девет нерешени и загуби 14.
Се очекува до крајот на сезоната на кормилото на Севилја да се врати 69-годишниот Хоакин Капарос, кој двапати го предводеше тимот во 2018 и 2019 година и во двата наврати успеа да го пласира во Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
