Connect with us

Јувентус е подготвен да го продаде Даглас Луиз

Една од најскапите летни аквизиции на Јувентус минатото лето, Даглас Луиз, може да го напушти клубот уште по завршувањето на својата прва сезона. Бразилецот потполно разочара, не успеа да се вклопи во системот на Тијаго Мота, а дополнително беше попречуван и од повреди, поради што одигра само скромни 22 натпревари во сезоната, од кои само на шест започна како стартер и притоа нема постигнато гол или забележано асистенција.

Јувентус плати 51 милион евра за правата на Луис од Астон Вила минатото лето, но досега инвестицијата не се исплати на ниту еден начин. Затоа „бјанконерите“ се подготвени да го продадат веднаш штом се појави прва можност, дури и по цена на загуба.

Според информациите на „Тутоспорт“, Јувентус поставил цена од 40 милиони евра за Даглас Луиз. Клубот од Торино се надева дека таа ќе привлече доволно заинтересирани за потписот на играчот од средниот ред, а со парите од продажбата би го финансирале доведувањето на други трансфер цели за летото.

Интерес за 26-годишниот играч не недостига. Се тврди дека Астон Вила е подготвена да го врати назад во своите редови, а ситуацијата ја следат и други англиски клубови, меѓу кои е и Нотингем Форест, кој ќе се засилува за настапот во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови