
Раководството на Вардар го потврди големиот интерес на јавноста за претстојниот фудбалски спектакл, хуманитарниот меч што „црвено-црните“ на 16 април ќе го играат против српскиот првак Црвена Звезда.
Од Вардар информираат дека веќе се продадени 15.000 билети за овој натпревар, а се очекува бројката дополнително да се зголемува како што ќе се приближува денот на одигрување на мечот.
„Хуманитарниот натпревар во корист на настраданите од трагедијата во Кочани, помеѓу ФК Вардар од Скопје и Црвена Звезда од Белград, предизвикува огромен интерес. На 9 дена до натпреварот продадени се повеќе од 15.000 билети.
Заради тоа управата замолува посетителите да влезат на стадионот најмалку половина час порано, односно околу 19.30 часот. Со цел да се избегнат гужвите при влегувањето. Фан зоната на гостинскиот клуб ќе биде лоциарана кај фонтаната во Градскиот парк. Ги замолуваме гостинските навивачи да купуваат влезници за Источната трибина. Билетите се стриктно нумерирани и броени, така да нема да има никакво неовластено и прекумерно влегување на натпреварот.
Влезот за хендикепирани лица кои се движат со помош на инвалидски колички ќе биде од сервисниот влез на југо-исток, а ќе можат да бидат придружувани од едно лице. За тие лица да можат да добијат билет/дозвола за влез, претходно треба да се пријават на e-mail: info@fcvardar.com

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
