
Панче Стојанов е новиот шеф на стручниот штаб на Брера, откако Тони Атанасов поднесе оставка по поразот од Вардар. Стојанов, кој досега беше помошник во тимот, сега ја презема водечката улога во завршницата на сезоната.
49-годишниот струмичанец е добро познат во македонскиот фудбал. Како играч ги носеше дресовите на Силекс, Беласица, Ренова, Хоризонт Турново и на Работнички. Тренерското искуство го градел и во младинските категории на Брера, а во 2018 година за првпат го водеше сениорскиот тим во Првата лига.
Панче Стојанов својот деби натпревар како прв тренер ќе го има веќе утре – токму против Вардар, во полуфиналето од Купот на Македонија во Скопје. По тоа, фокусот се сели кон последните кола од првенството, каде главната цел останува – опстанок во елитата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
