Фудбалските натпревари од 27. коло во Првата македонска лига ќе се одиграат во ист термин, в недела од 16 часот, а поради поклопувањето на домаќинството направен е распоред на мечевите на Работнички и на Вардар.
На Арената „Тодор Проески“ ќе играат Работнички и актуелниот првак Струга Трим Лум. Со оглед дека и Вардар е домаќин во ист термин, логистичките околности наложија приоритет да добие Работнички, па „црвено-црните“ ќе го пречекаат Тиквеш на комплексот „Петар Милошевски“, во рамки на Фудбалската федерација.
Во Скопје ќе се игра и дуелот меѓу Гостивар и Шкупи, кој е закажан за теренот во Маџари.
На другите терени низ Македонија, Пелистер ќе ја нагости Брера во Битола, Шкендија ќе ги одмери силите со Воска Спорт во Тетово, а Силекс во Кратово ќе се соочи со Беса.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













