
Саутемптон резултатски како да не ѝ припаѓа на Премиер – лигата оваа сезона. Токму поради тоа и го напушта елитниот ранг.
Тотенхем вчера успеа да слави против „светците“ со 3-1, а тоа беше нивниот 25. пораз во 31. коло од Премиер – лигата.
Иако остануваат уште седум натпревари до крајот, Саутемптон веќе испадна од лигата, што ги прави првиот клуб на кој му се случило тоа толку рано во историјата на Премиер – лигата.
Претходно, Дерби Каунти и Ипсвич биле отпишани шест кола пред крајот на сезоните 2007/08, односно 1994/95.
Сега на Саутемптон му останува да избегне уште еден негативен рекорд – да освои барем уште два бода до крајот, за да не ја заврши сезоната со најмалку освоени поени во историјата на Премиер – лигата.
Дерби Каунти од споменатата сезона 2007/08 го држи тој негативен рекорд со само 11 освоени поени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
