Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ремизираа без голови во 31. коло од Премиер – лигата.
Првото полувреме помина во знакот на „црвените ѓаволи“, кои беа поактивни и постојано ја туркаа играта кон голот на Едерсон. Но, старите проблеми во завршницата повторно излегоа на површина – многу обиди, малку реализација. Пет удари, само еден во рамки – далеку од доволно за да се затресе мрежата на Сити.
На спротивната страна, избраниците на Рубен Аморим делуваа внимателно, со повеќе фокус на одбраната и брзи контри, но и тие останаа без сериозна закана. До полувремето, резултатот остана непроменет.
Во вториот дел, „граѓаните“ го зголемија темпото. Се приближија неколкупати до голот на Онана, но камерунскиот голман беше на висина на задачата. Одбрани неколку тешки удари и го одржа во живот Јунајтед.
Околу 75. минута, домаќините повторно добија ветер во грб. Зиркзе, Доргу и Гарначо имаа шанси, но прецизноста и понатаму ги изневеруваше. Во 80. минута, се крена прашина кога Ковачиќ направи невнимателен старт во шеснаесетникот, но судијата Брукс одлучи да покаже само корнер – на разочарување на домашните.
До крајот, Јунајтед продолжи со притисок, а Сити се обидуваше да ја смири играта. Но, и покрај желбата на „црвените“ за три бода, мрежите останаа недопрени.
Со ова реми, Јунајтед останува на 13. место со 38 бодови, додека Сити не успеа да се пробие во Топ 4 и останува петти, со само еден бод помалку од Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













