Манчестер Јунајтед доби неочекувана, но мошне конкретна понуда. Атлетико Мадрид наводно понудил 70 милиони евра за Eнтони, бразилскиот крилен напаѓач кој моментно настапува како позајмен играч во Бетис. Според шпанските медиуми, „јорганџиите“ се подготвени веднаш да исплатат 45 милиони евра, додека преостанатите 25 би ги платиле на рати.
Иако Ентони има договор со „црвените ѓаволи“ до 2027 година, неговата иднина на „Олд Трафорд“ изгледа сè поизвесна и надвор од клубот. Откако не се вклопи во плановите на Рубен Аморим, новиот менаџер на Јунајтед го испрати на позајмица во Бетис во јануари, каде што тој блеска, постигна четири гола и четири асистенции на првите 12 меча под водство на искусниот Мануел Пелегрини.
Ентони беше донесен во Манчестер од Ајакс во 2022 година за сума од околу 100 милиони евра, на инсистирање на тогашниот менаџер Ерик тен Хаг. Но, неговиот престој не ги оправда очекувањата. Тој постигна само пет гола во Премиер лигата и имаше недоволен придонес во клучните натпревари.
Јасно е дека Јунајтед ќе доживее сериозна трансформација во летниот преоден рок. За да се ослободи буџет за нови засилувања, најпрво ќе мора да се реализираат неколку продажби. Освен Ентони, медиумите најавуваат дека Маркус Рашфорд би можел да биде продаден откако ќе се врати од позајмицата во Астон Вила, а неизвесна е и судбината на младите таленти Коби Мејно и Алехандро Гарначо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













