
Барселона беше во голгетерска форма, но и Бетис се наоѓаше во одлична серија во Ла Лига. Двата тима одиграа возбудлив натпревар на „Монжуик“, кој заврши без победник – 1-1. Овој резултат најмногу ги израдува Карло Анчелоти и фудбалерите на Реал Мадрид, кои остануваат во трката за титулата.
По ова реми, Барселона има четири бода предност пред Реал Мадрид на врвот на табелата.
Каталонците поведоа рано преку Гави во седмата минута, но Бетис брзо возврати. Натан израмни во 17. минута, носејќи нова неизвесност во натпреварот.
Барселона создаде уште неколку добри шанси до крајот на мечот, но одбраната на Бетис беше на висина на задачата и успеа да го одржи нерешениот резултат, освојувајќи важен бод на тешкото гостување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
