
Актуелниот шампион Струга Трим Лум оствари убедлив триумф (4-1) против Пелистер во првиот меч од 26.коло во Првата фудбалска лига. Во дуелот крај езерото, тимот на Илчо Ѓорѓиоски покажа многу повеќе и на крајот заслужено стигна до трите бода. Пелистер едно полувреме играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Филип Бошковски во 45.минута.
Ланре Кехинде во 22.минута донесе водство за Струга со удар од белата точка, а израмни Александар Ристевски, исто така од пенал, осум минути подоцна.
Во вториот дел Пелистер играше со фудбалер помалку, а тоа Струга ТЛ знаеше да го искористи. Никола Влајковиќ во 47.минута донесе нова предност за домаќинот, Буњамин Шабани зголеми ја 3-1 во 75.минута, а серијата голови повторно ја затвори Ланре Кехинде, со погодокот во судиското продолжение од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
