
Струга Трим Лум и Пелистер, попладнево, со почеток од 15 часот крај езерото, ќе го одиграат својот натпревар од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига. Мечот доаѓа во период кога ниту едниот, ниту другиот тим немаат сериозни резултатски амбиции во првенството, но за домаќините од Струга има друга сметка – Купот на Македонија.
Тимот на Ќатип Османи одамна ги намали амбициите во првенството. Одбраната на титулата е одамна загубена, а борбата за излез во Европа стана речиси невозможна мисија. Сега, сите сили се насочени кон Купот, каде што ги чека жесток полуфинален двобој со Шкендија – првиот меч е веќе во среда.
Затоа денешниот дуел со Пелистер треба да претставува залет, последен тест пред дуелот со Шкендија во Купот. Но тоа не значи дека стружани ќе настапат со половина сили – напротив, победата е важна и за самодовербата.
Напаѓачот Марјан Радески, кој има импресивни 83 голови во Првата лига, верува дека тимот допрва ќе покаже што знае.
„За нас вистинската сезона почнува денес. Нѐ очекуваат важни натпревари до крајот и ќе дадеме сè од себе да стигнеме до трофејот. Пелистер го респектираме, како и секој противник, но на овој натпревар единствената цел се трите бода. Победа би значела многу – не само бодовно, туку и психолошки пред Шкендија. Атмосферата во тимот е одлична, сите сме здрави и подготвени да го дадеме максимумот“, изјави Марјан Радески
Останатите натпревари од ова коло ќе се играат утре, исто така од 15 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
