Барселона синоќа рутински славеше против Осасуна со 3-0 во заостанатиот натпревар од Ла Лига, но по мечот се отвори сосема поинаква приказна која би можела да има сериозни последици за каталонскиот гигант.
Клубот од Памплона најави дека ќе поднесе официјална жалба против Барселона, поради настапот на стоперот Ињиго Мартинез. Причината е една техничка, но важна регулатива од правилникот на ФИФА која, според Осасуна, Барса ја прекршила.
Станува збор за правилото според кое, доколку фудбалер се повлече од репрезентативните обврски поради повреда, тој не смее да игра за својот клуб најмалку пет дена по завршувањето на репрезентативниот прозорец. Исклучок е само ако националниот тим официјално го ослободи играчот — нешто што Осасуна смета дека не се случило во случајот на Мартинез.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Шпанија го одигра последниот натпревар против Холандија во неделата, а Мартинез настапи за Барселона само четири дена подоцна, во четвртокот, што значи дека правилото за петдневна пауза можеби било прекршено.
Дополнително, клучно е дали дефанзивецот сам побарал ослободување или тоа било одлука на шпанскиот селектор — факт кој моментално се истражува. Мартинез ја пропушти репрезентацијата поради повреда на коленото здобиена на дуелот со Атлетико, но веќе во понеделникот се врати на тренинг, непосредно по репрезентативниот натпревар на „црвената фурија“.
Доколку жалбата на Осасуна биде уважена, Барселона би можела да биде казнета со одземање на трите освоени бода. Тоа би ги израмнило по бодови со Реал Мадрид на врвот на табелата, иако каталонците би останале лидери поради подобрата гол-разлика.
Интересно е што самиот натпревар беше одложен поради трагичната смрт на клупскиот доктор на Барселона, но сега, наместо за фудбалот, фокусот е на правната битка што следи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













