Connect with us

Лоши вести за Баерн Минхен – Алфонсо Дејвис ја заврши сезоната!

Баерн Минхен официјално потврди дека канадскиот лев бек има скинати предни вкрстени лигаменти на десното колено и ќе мора да оди на операција. Со тоа, 24-годишниот Дејвис ќе биде надвор од терените неколку месеци и дефинитивно ја завршува сезоната, пропуштајќи ги четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите против Интер, но и Светското клупско првенство што ќе се одржи во САД од 14 јуни до 13 јули.

Повредата ја заработи за време на репрезентативните активности, во мечот меѓу Канада и САД. По само десет минути игра, Дејвис падна на тревата и не можеше да продолжи, заменет од Зигур. Пред овој натпревар, одигра цел меч во поразот од Мексико.

Ова е голем удар за Баерн Минхен, кој веќе има неколку повредени играчи и ќе мора да најде решение за левата бековска позиција во клучниот дел од сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови