
Трент Александер-Арнолд на лето ќе стане нов играч на Реал Мадрид, откако постигнал договор со шпанскиот гигант, пренесуваат англиските медиуми. По долг период на неизвесност околу неговата иднина во Ливерпул, сега се чини дека сите дилеми се решени.
Десниот бек е еден од тројцата клучни играчи на Ливерпул чиј договор истекува на крајот на сезоната, заедно со Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк. Иако клубот се обидуваше да ги задржи, преговорите не донесоа конкретен напредок, а веќе подолго време беше јасно дека Александер-Арнолд не планира да потпише нов договор.
Според информациите, 26-годишниот фудбалер ќе потпише петгодишен договор со Реал Мадрид, со плата од над 220.000 фунти неделно. Преговорите со Карло Анчелоти започнале уште во јануари, кога „кралскиот клуб“ испратил понуда за него. Фудбалерот веќе го известил Ливерпул за својата одлука и чекорите што следуваат.
Останува да се види кога Реал Мадрид ќе ја официјализира зделката, но сè укажува дека Александер-Арнолд од следната сезона ќе го носи белиот дрес на „Сантијаго Бернабеу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
