
Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити се обидува да го доведе Родриго, крилниот напаѓач на Реал Мадрид, на „Етихад“ претстојното лето. Таткото на Родриго, кој е и негов агент, имал состанок со претставници на Манчестер Сити, на кој тие се обиделе да го убедат бразилскиот фудбалер да премине во редовите на „граѓаните“. Ова го откри новинарот на „Ел Чирингито“, Едуардо Инда.
Според изворот, состанокот се одржал пред неколку недели. Претставниците на Манчестер Сити му понудиле на Родриго повисока плата од онаа што ја има во шпанскиот гигант, а исто така му дале гаранција дека ќе игра на својата омилена позиција во нападот.
Оваа сезона, бразилскиот напаѓач одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и забележувајќи осум асистенции. Тој има актуелен договор со клубот до летото 2028 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид фрли око на Душан Влаховиќ
