
Англија ја запиша својата втора победа во квалификациите за Светското првенство 2026, триумфирајќи со 3-0 против Летонија на „Вембли“. Рис Џејмс со прецизен удар во 38. минута го отвори резултатот, додека Хари Кејн во 68. минута ја удвои предноста. Конечниот резултат го постави Еберечи Езе, кој со својот гол ја потврди доминацијата на „гордиот Албион“.
Во другите натпревари од вечерва, Босна и Херцеговина славеше со 2-1 против Кипар, благодарение на погодоците на Демировиќ и Хајрадиновиќ, додека Јоанис Питас беше стрелец за гостите. Албанија беше убедлива против Андора со победа од 3-0, а Романија го декласираше Сан Марино со 1-5 на гости. Полска ја совлада Малта со 2-0, а дуелот меѓу Литванија и Финска заврши без победник, 2-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
